РЕФЕРЕТНИ ФАРМИ / РОМАНИЈА

Агро индустриала Рокура

„Не можам да се замислам да водам евиденција на хартија или во Ексел отсега па натаму.“

Андреи Алексе, фармер

Andrei Alexe

Каква фарма имате и која е Вашата главна дејност?
Главните активности на фармата се одгледувањето на култури (житарици, сончоглед и пасишта) и сточарство (млечни и месни говеда).

Колку е голема Вашата фарма, колку луѓе работата во неа, и колку време постои?
Целосната површина е околу 210 хектари, поделена на 40 хектари пасишта и 70 хектари поле. Имаме околу 35-40 грла млечни говеда и 30 грла месни говеда во просек во шталата. Имаме 5 работници, вклучувајќи ме и мене. Јас најчесто обавувам задачи поврзани со механизацијата. Другите работници ги делат задачите околу културите или активностите во шталата според тековните потреби.

Нашата компанија беше основана во 2009 година.Како и каде ги пласирате и продавате Вашите производи?

нашите производи ги продаваме на големо на различни клиенти, имаме и такви кои доаѓаат кај нас,особено оние кои сакаат да купат млечни производи и животни.

Што ве диференцира од другите фарми со слични активности? Што ве прави посебни?
Ние ги спроведуваме нашите активности според правилата за заштита на животната средина со посебен фокус на зголемување на плодноста на почвата и произведување на вкусно и еколошко млеко и месо. Бараме нишки од традиционалното производство и мислиме дека Ги продаваме може да ни помогне да ги следиме производствените процеси и да ја зголеми ефикасноста.

На кому сте му благодарни за Вашиот досегашен успех? Што Ве мотивира и Ве тера да одите напред?
Клучот на нашиот успех е во страста за нашата дејност и нашата интегрирана фарма (култури и добиток). Иако во помала мера, ова ни овозможува да имаме производи кои не се само млеко и месо како додатна вредност на одлгедувањето култури.Целта во иднина е да се зголеми и подобри фармата, да се диверзифицира производството фокусирано на максимизација на профитот по единица производ со нови методи и технологии, кои се – најважно од се – целосно еколошки и пријателски настроени кон животната средина.

Зошто се одлучивте да почнете да го користите Ги продаваме?
Ние сеуште го користиме PANTHEON Farming како дел од проектот AgroIT, но имаме намера да продолжиме да го користиме преку лиценцата за фарминг која што ни дозволува преглед на активностите околу стоката, материјалите и потрошувачката.

Какви придобивки очекувате од програмата (на пример, помалку потрошено време на внесување податоци и правење извештаи, преглед на трошоците на фармата, зголемени ефикасност, контрола на користењето на ѓубрива и пестициди, следење,итн.)?
Придобивките потекнуваат од користењето на програмата одреден временски период. Можеме да потврдиме дека заштедува време за креирање регистри и податоци за консалтинг. Програмата исто така има опции за автоматско пресметување и алармирање.

До која мера ги задоволи Вашите очекувања?
За време на користењето на Ги продаваме на мојата фарма, беа развиени некои нови алатки ако менаџмент на догвоори, што е навистина добра алатка за нас. Сеуште се прилагодувам кон користењето на програмата и се учам да ги искористувам сите нејзини предности. Би сакал програмата да има повеќе визуелни икони, што би ја направило попријателски настроена кон корисниците. Модулот за ГИС каде што би можел да ги најдам моите парцели исто така би бил супер.

Како би го опишале Вашето искуство со PANTHEON Farming?
Сега откако се воведени регистрите, е многу полесно да се раководи со информациите. Не би можел да се замислам да водам евиденција на хартија или во Ексел повеќе.

Дали посетувавте некаква обука? Дали Ви беше предизвик да почнете да ја користите програмата?
Посетував обука како дел од AgroIT проектот, и за тоа време ја имав целата техничка помош која што ми беше потребна.

Дали би го препорачале PANTHEON Farming на пријател, сосед, или друга фарма? Зошто?
За фармери како нас, дефинитивно би го препорачал. PANTHEON Farming ви го прави пристапотго регистри полесен.

Дали би сакале да додадете нешто?
Компатибилноста со ГИС и сензорите и системите за навигација за земјоделска механизација би ги намалиле внесувањата на податоци за активности поврзани со одгледувањето на култури. Ние очекуваме во блиска иднина да ја реновираме нашата соба за млеко и да можеме во иднина да увезуваме од неа директно податоци во дневните регистри за млеко преку PANTHEON Farming.

Share This