РЕФЕРЕНТНИ ФАРМИ / ХРВАТСКА

ОПГ Панкретиќ

„На почетокот ни требаше обука за да разбереме како софтверот работи и да почнеме полесно да го користиме. Земавме неколку часови обука со имплементација, и потоа имавме поддршка“.

Здравко Панкретиќ, ОПЗ Панкретиќ

  1. Колку е голема Вашата фарма, колку луѓе работат во неа и колку време постои?
    Ние имаме 4 вработени, но членовите од семејството ни помагаат, па така да вкупно 7 луѓе работат на фармата. Од време на време, имаме многу работа и ангажираме работници на пола работно време. Имаме 1000 грла говеда и 300 хектари земјиште. Во земјоделството сме ангажирани повеќе од 30 години.
  1. Каде и како ги пласирате и продавате Вашите прозводи?
    Месото го продаваме на месната индустрија и кланиците во земјата а 90% од нашите производи се продаваат во Либан.
  1. Кому сте му благодарни за Вашиот успех? Што ве мотивира и Ве тера да продолжите понатаму?
    На татко ми, кој му ја пренесе љубовта кон земјоделството, и воедно ми е најголема мотивација.
  1. Зошто се одлучивте да го купите/изнајмите PANTHEON Farming ?
    За поголема контрола и полесно управување.
  1. Дали посетувавте некаква обука? Дали Ви беше предизвик започнувањето со користење на програмата?
    Да,на почетокот ни требаше обука за да разбереме како софтверот работи и како да започнеме со работа побрзо. Земавме неколку часови обука со имплементација, и потоа кога имавме потреба баравме поддршка.
  1. Дали би го препорачале PANTHEON Farming на пријател, сосед, или дрруг фарна? Зошто?
    Да, би го препорачал. Ништо не може да се спореди со способноста да знаеш точно кога некој добавувач ти го дава најдоброто грло, кој тип на сточна храна ти ги дава најдобрите резултати, како да ја составувате храната врз база на нутритивната вредност, и да можете да го следите производството од почеток до крај во бројки, табели и извештаи. Кога имате потреба од некој извештај, се што треба да направите е да го испечатите.
  1. Каков тип на фармата имате и која е Вашата главна дејност?
    Нашата главна дејност е одгледување говеда за гоење, а одгледуваме и житни култури, но со цел да произведеме храна за говедата.
Share This