РЕФЕРЕНТНИ ФАРМИ / СЛОВЕНИЈА

Ервин Андрејчиќ

„Ние сме посебни затоа што стигнавме до новите технологии релативно брзо, бидејќи сакаме да ја олесниме нашата работа, да го подобриме производството и да имаме помалку стрес во работата.“

Ервин Андрејчиќ, фармер

Ervin Andrejčič

Каков тип на фарма имате и кои се Вашите главни активности?
Нашата главна активност е сточарството, со посебен акцент на свињарство. Покрај тоа, одгледуваме и култури, најмногу пченица.

Колку е голема Вашата фарма, колку луѓе работат во неа и колку време постои?
Фармата е 25 хектари, од кои 7 хектари е шума. 6 членови на нашето семејство помагаат на фармата. Постои долго време, но јас ја преземав пред околу една година.

Како и пласирате и продавате Вашите производи?
Главно производите ги пласираме локално, бидејќи на нас и претходи нашата репутација, клиентите се тие кои доаѓаат кај нас. Со оглед на тоа дека нашето производство за е сопствени потреби, вишокот го продаваме на локалните жители.

Што Ве диференцира од фармите со слични активности? Што е тоа што Ве прави посебни?
Ние сме посебни затоа што брзо ги преземаме новите технологии, бидејќи сакаме да си ја олесниме работата, да го подобрите производството и да имаме помал стрес на работа. Затоа брзо го воведовме електронското водење на евиденција и ја модернизиравме механизацијата на нашата фарма. Друга причина е фактот дека наш приоритет е зачувувањето на животната средина и еколошкото производство. Ние бараме нишки од традиционалното производство додека ги следиме тековните времиња.

На кому сте му благодарни за Вашиот досегашен успех?Што Ве мотивира и Ве тера да одите понатаму?

Најмногу моите родители и моите баба и дедо, кои сето ова го изградија и кои стојат секогаш на моја страна.Друг важен фактор е мотивацијата и мојата желба да се занимавам со земјоделство. Најголемата мотивација за мене е експериментирање со нови сорти и методи на производство кои се еколошки и пријателски настроени кон животната средина.

Зошто го купивте/изнајмивте PANTHEON Farming?
Одлучив да го купам затоа што ми оди лесно со компјутери а водењето евиденција на компјутер е многу полесно отколку водење евиденција на хартија.

Какви придонеси очекувавте од програмата (на пример, помалку потрошено време на внесување податоци и правење извештаи, преглед на фармата и нејзините трошоци, поголема ефикасност, контрола врз користењето на ѓубре и пестициди, следење итн.)?
Најголемите подобрувања беа дефинтивно во заштеденото време и добивањето на подобар преглед. Документацијата може да биде заштрашувачка бидејќи лесно можете да се изгубите во следењето на работите и не можете да имате вистински преглед. Програмата ми помага да имам брз пристап до податоци и предметува одредени работи автоматски, што го ја намалува мојата оптеретеност.

До кој степен беа исполнети твоите очекувања?
До огромен. Единственото нешто ми недостига е врската со ВОЛОС системите.

Како би го опишале Вашето искуство со PANTHEON Farming?
Еднаш кога ќе го имате, нема да можете без него. Системот е константно подобруван и станува се подобар со тек на времето.

Дали посетувавте некои обуки? Дали Ви беше предизвик почнувањето со работа во програмата?
Јас ги посетував основните обуки, а се друго научив самостојно.

Дали би го препорачале PANTHEON Farming на пријател, сосед, друга фарма? Зошто?
Секако дека да. Доколку сакате да заштедите време и пари, ова е вистинската инвестиција. Добивате добар преглед на фармата и ви овозможува да бидете многу по организирани.

Share This