РЕФЕРЕНТНИ ФАРМИ / СЛОВЕНИЈА
Мартин Срака
„Програмата ми помага да имам пристап кон податоците многу брзо и ми пресметува одредени работи автоматски, што ми го намалува времето за работа“.
Марин Срака, фармер
Каков вид на фарма имате и која е Вашата главна активност?
Нашата фарма е вклучена во одгледување на култури и одгледување на животни, со тоа што примарн адејност ни е одгледувањето на култури. Исто така нудиме услуги со земјоделска механизација.
Колку е голема Вашата фарма, колку луѓе работат таму и колку време постои?
Фармата е во вкупна големина од 55 хектари, од кои 5 хектари пасишта и 50 хектари поле. Во просек имаме помеѓу 17-20 говеда во шталата. Неколку членови од семејството се вработени на фармата, додека јас ја извршувам во главно работата со машините, татко ми е задолжен за стоката, и останатите задачи се поделени помеѓу членовите од семејството. Работата ја почнале родителите на татко ми, потоа татко ми ја преземал, а јас на фармава работам веќе 15 години, постепено преземајќи ја пред да станам целосно одговорен за неа во 2011 година.
Каде ги продавате Вашите производи? Како ги пласирате на пазарот?
Ние ги продаваме нашите производи на големо на повеќе клиенти и им нудиме услуги на другите фарми од регионот. Исто така продаваме дел од нашите производи во помали количини од дома.
Што Ве диференцира од другите фарми со слични активности? Што е тоа што Ве прави посебни
Посебни не прават деталите, бидејќи тие се всушност разликите помеѓу производи со повисок и понизок квалитет. Ние произведуваме повеќе од 6 тони пченица секоја година и веќе неколку години целата таа количина е со А квалитет. Кога купуваме земјоделска механизација, се стремиме кон оптимизација на нашиот бизнис. Затоа што сме вработени на полно работно време, работата на поле мораме да ја извршуваме најефикасно што можеме. Можеби токму тоа не прави различни, фактот дека сами ја работиме целата административна работа со PANTHEON SE и PANTHEON Farming.
На кому сте благодарни за Вашиот досегашен успех. Што ве мотивира и тера да продолжите понатаму?
Нашиот успех во минатото е резултат на повеќе фактори. Би сакал да ги споменам и цврстите основи кои моите родители ги имаа поставено за да почнам јас да градам врз нив. Понатаму добрите берби и добрите цени на пазарот за нашите производи, помалку мали фарми од кои ние можевме да изнајмуваме или купиме обработливо земјиште, успешни апликации за грантови за унапредување на фармата итн. Дополнително, нашиот труд и иновациите кои сами ги внесовме. Целта е да се подобри и расте фармата, фокусирајќи се на максимизација на профитот по единица производ. Една од причините за раст и развој е потребата да се имплементираат нови методи и технологии за да би можеле да се подобриме. Истовремено треба да го прехраниме целото семејство од месец за месец.
Зошто се одлучивте да го купите/изнајмите PANTHEON Farming?
Се одлучив да го изнајмам PANTHEON Farming лани откако двојното книговодство стана задолжително. Потоа бев дел од проектот Agro IT. Ја користам SE лиценцата за да имам добар преглед на трошоците и приходите преку годината, полесно да носам одлуки за иднината и преку достапност на навремени информации да намалам дел од трошоците. Предностите од изнајмувањето на лиценцата се можноста за следење на настаните кои влијаат врз моите одлуки, и можноста да лесно се грижам за сите административни потреби на фармата.
Каков вид на придонеси очекувавте од програмата (на пример, помалку потрошено време за внесување на податоци и правење извештаи, преглед на трошоците на фармата, поголема ефикасност, контрола врз пестицидите и ѓубривата и нивното користење, следее, итн.)?
Моите очекувања од програмата на почетокот беа релативно ниски, бидејќи требаше да се навикнам на користење на програмата и да ја разберам логиката за да го вадам максимумот од нејзе. Некои од операциите покренуваа прашања, на кои одговори можат да се најдат на повеќе различни начини. Информациите за искористени материјали и нивните трошоци се многу важни за планот за производство и анализа на резултатите од низнисот.
До каде ги исполни Вашите очекувања?
Јас сеуште наоѓам нови начини за да искористам уште повеќе од системот. Ми се допаѓа фактот што програмата константно се надоградува и е пријателски настроена кон корисниците, и фактот што можам да се поврзам со постоечките системи за навигација во тракторите кои го мерат датумот, времето, големината на површината и количината на семе, ѓубриво и пестициди кои ги користам.
Како би го опишале Вашето искуство со PANTHEON Farming?
Јас веќе бев навикнат да водам евиденција во Ексел преку рачно внесување на податоците. Работејќи со PANTHEON, кој ги поддржува податоците од централниот регистар, ги прави работите многу полесни.
Дали посетувавте некаква обука. Дали Ви беше предизвик почетокот со работа во програмата?
Јас посетував обука кога бев дел од проектот AgroIT. Немав проблеми да се прилагодам на програмата, затоа што на работа користам разни видови на програми и секоја од нив ја доживувам како посебен предизвик, бидејќи секоја од нив е специфична во нивните функции.
Дали би го препорачале PANTHEON Farming на пријател, сосед или на друга фарма? Зошто?
Да, би го препорачал, затоа што се прилагодува на правните регулативи и желбите на корисниците, како што можете да приметите во промотивните материјали за корисниците во врска со надоградувањата на програмата.
Дали би сакале нешто да додадете?
Како што напоменав, би сакал поголема компатибилност со сензори и системи за навигација кај земјоделските машини, кои би го растеретиле корисникот уште повеќе од внесувањето на податоци во програмата рачно.