РЕФЕРЕНТНИ ФАРМИ / ХРВАТСКА

ПЗ Салиќ

„ Технологијата напредува и наша желба е да ја модернизираме фармата, да можеме лесно да го следиме нашето стадо, па така се одлучивме да воведеме ЕРП систем.“

Паво Салиќ, ПЗ Салиќ

  1. Колку е голема Вашата фарма, колку луѓе работат на неа и колку време постои?
    Фармата ја преземавме во 2010 година, и 7 вработени кои исто така се членови на семејството моментално работат на фармата. Одгледуваме 110 крави и имаме повеќе од 100 хектари земјиште.
  1. Каде ги пласирате и продавате Вашите производи?
    Ние ги продаваме нашите производи локално и имаме одлична соработка со ПЗ Напредак на кои им ги продаваме млекото.
  1. Што е тоа што Ве диференцира од другите фарми со слични активности? Што е тоа што Ве прави посебни?
    Доколку треба да издвоиме едно нешто што нашата фарма ја прави посебна, тоа би било фактот дека сме семејна фарма во којашто сите членови на семејството вложуваат 101% во себе, и тоа го доживуваме не како работа туку како начин на живеење во кој нашите животни се дел од семејствотото и кон нив се однесуваме со посебна грижа и внимание.
  1. Кому сте му благодарни за Вашиот досегашен успех?Што Ве мотивира и ве тера да продолжите понатаму?
    За успехот во бизнис морам да му се заблагодарам на целото мое семејство, бидејќи тие ме научија сите животни на планетата да ги третирам со почит. Едноставно кажано – колку од себе и давате на природата, таа ви враќа дупло назад. Фактот што сега јас сум татко ме мотивира да пробам да ги научам моите деца да ја сакаат работата и да го сакаат земјоделството.
  1. Зошто се одлучивте да го купите/изнајмите PANTHEON Farming?
    Технологијата напредува и ние сакаме да ја модернизираме нашата фарма, да можеме да ги следиме животните од нашето стадо полесно, и токму затоа се одлучивме да воведеме ЕРП систем. На прв поглед, PANTHEON Farming ги задоволи сите наши потреби, но откако започнавме да го користиме сфативме дека PANTHEON Farming нуди и многу повеќе од тоа што ние досега го користевме.
  1. Какви принедонеси очекувавте од програмата (на пример, помалку трошоење време во внесување податоци и креирање извештаи, преглед на трошоците на фармата, зголемена ефективност, контрола на користењето пестициди и ѓубрива, следење, итн.)?
    Сите податоци се на едно место, и можат да се прегледуваат во секој момент. Навистина го олеснува управувањето со бизнисот: Јас точно знам што се случува со секоја крава и врз база на податоците кои ги имам внесено, имам пристап до точни финансиски состојби на бизнисот и ми е полесно да планирам и носам одлуки.
  1. Како би го опишале Вашето искуство со PANTHEON Farming?
    PANTHEON Farming е многу едноставна и интуитивна програма. После почетната обука и имплементација, за брзо време почнавме да го користиме секојдневно.
  1. Дали имавте некаква обука? Дали Ви претставуваше предизвик започнувањето со работа со програмата?
    Ние почнавме да го користиме PANTHEON Farming на почетокот на оваа година (2016). Сеуште немавме можност да учествуваме во академијата на PANTHEON Farming, затоа што само што ја завршивме почетничката обука, но ќе се пријавиме за наредниот тренинг како би научиле уште нешто ново.
  1. Дали би го препорачале PANTHEON Farming на пријател, сосед или на друга фарма? Зошто?
    Им би го препорачал на сите, и тоа го правам секогаш кога имам можност! Бидејќи навистина е лесно да се управува со фармата и Ви заштедува време за внесување на податоците.
  1. Каков вид на фарма имате и која е Вашата главна дејност?
    Ние сме семејни фарма и произвоедуваме млеко и одгледуваме култури за сопствени потреби.
Share This