РЕФЕРЕНТНИ ФАРМИ / СЛОВЕНИЈА
Ресорт за коњи Стариха
„Го набавивме PANTHEON Farming бидејќи можеме ефикасно да ги надгледуваме сите активности и процеси на фармата на едно место.“
Ана Стариха, Ресорт за коњи Стариха
- Каков тип на фарма имате и која е Вашата главна дејност?
Ние одгледуваме житни култури и чуваме добиток на нашата фарма. Нашите главни активности се гоење свињи, одгледување храна за нашите свињи (пченка, јачмен, пченица итн.) и шумарство, додека нашите споредни активности вклучуваат преработка на месо, школа за јавање, и други.
- Колку е голема Вашата фарма, колку луѓе работат во неа и колку време постои?
Нашата фарма има 2 одгледувалишта на свињи и 2 штали за коњи. Имаме околу 160 хектари полиња и ливади. 3 членови на семејството работат на фармата со полно работно време, додека другите се или вработени на друго место или сеуште се школуваат, па помагаат во нивното слободно време. Ние одгледуваме свињи на оваа локација веќе 19 години. Претходно на семејната фарма одгледувавме говеда.
- Каде ги пласирате и продавате Вашите производи?
Најголемиот дел од културите кои ги произведуваме ги користиме како храна за нашите свињи, кои пак ги продаваме на Ихан, една од најголемите фарми за одгледување свињи во Словенија, бидејќи имаме со нив склучено договор за соработка. Некои од свињите ги продаваме на локалните фармери за понатамошно гоење и колење. Нашата школа за јавање нуди услуги на популацијата од регионот, кои услуги ги нудиме на Фејсбук и нашата веб страница. (www.horseresortstariha.si).
- Како вие се диференцирате од другите фарми со слични дејности? Што е тоа што Ве прави посебни?
Ние се стремиме кон напредок, и инвестираме во нашата инфраструктура, земја, и земјоделска механизација. Развиваме дополнителни активности за да креираме нови и различни извори на приходи, што ја обезбедува стабилноста на нашиот бизнис.
- Кому сте му благодарни за Вашиот досегашен успех?Што Ве мотивира и Ве води да одите напред?
Нашиот успех е резултат на упорноста низ нестабилните финансиски времиња, поставувањето нови цели, и инвестирање во нашата иднина. Желбата за работа, како и новите идеи и цели е тоа што не мотивираше.
- Зошто се решивте да го купите/изнајмите PANTHEON Farming?
Го набавивме PANTHEON Farming затоа што со него можеме ефикасно да ги надгледуваме активностите и процесите на фармата на едно место.
- Какви користи очекувавте од програмата (на пример, помалку потрошено време во внесување на податоци и правење извештаи, преглед на трошоците на фармата, зголемена ефикасност, контрола врз користењето на ѓубрива и пестициди, следење итн.)?
Очекувавме намалување на времето за внесување на податоци, затоа што треба да ги внесете податоците само еднаш, и полесно креирање на извештаи, особено за АЕЦП извештаи, затоа што сите податоци се веќе на едно место.
- До која мера ги задоволи Вашите очекувања?
Навистина треба да внесувате податоци само еднаш, што заштедува многу време при креирањето на извештаи. Исто така структурата на извештаите е многу јасна.
- Како би го опишале Вашето искуство со PANTHEON Farming?
Моите искуства со програмата се во најголема мера позитивни, но треба да инвестирате време во прилагодување на програмата кон потребите на фармата и учењето на сите функции кои програмата ги нуди.
- Дали посетувавте обука? Дали беше предизвик почнувањето со работа во програмата?
Ние ги посетувавме почетничките курсеви во Љубљана за да можеме да добиеме основа за програмата. Понатамошните имплементации на нашите податоци во софтверот беа далечински. Ни беше тешко да почнеме да ја користиме програмата.
- Дали би го препорачале PANTHEON Farming на пријател, сосед или друга фарма? Зошто?
Заради јасноста на податоците, би ја препорачала програма на секој оној кој се наоѓа на повисоко скалило во бизнисот со земјоделски активности.
- Дали имате метео станица, стапици за инсекти, или сензори во Вашите штали?
Имаме метео станица.