Модул за сточарство
Прилагодени решенија за говедарски, свињарски, фарми за коњи, фарми за овци и кози, и фарми за живина.
PANTHEON Farming нуди комплетно софтверско управување со фарма чија што дејност е сточарство, без разлика на типот и големината на фармата. Ви дава можност за зачувување, архивирање и анализирање на податоците за секое поединечно животно и неговите индикатори, нуди чување на податоци, нивно менаџирање и оперативно сметководство во еден единствен информациски систем.
Главни алатки
- Насочување на земјоделските и сметководствените процеси со едно внесување на податоци.
- Користење на мобилната апликација од страна на секој работник.
- Прецизно предвидување на репродукциските настани.
- Оптимизација на трошоците за исхрана и производство на млеко.
- Следење на трошоците по животно
- Следење на животните и намалување на појавата на болести.
- Следење на третман на животните..
- Табели и анализи за животни.
Следење на животните
Навремено евидентирање на движењето на животните Ви дава целосен преглед на моменталната локација на животните и историјата на нивните движења.
Оптимизација на планот за исхрана
PANTHEON Farming Ви помага да ги имплементирате најефективните програми за исхрана. Млечните говеда немаат стандардна програма за исхрана која може или треба да биде универзално применета. Всушност, програмите за хранење на млечни говеда треба да бидат прилагодени за индивидуални фарми, и идеални за секое животно, за да можат да ја искористат предноста на хранливите ресурси кои се достапни на производителот.
Автоматска пресметка на репродукциски настани
PANTHEON Farming автоматски пресметува кога важни репродукциски настани треба да се случат и дава преглед на репродуктивните фази на поединечни животни.
Подмодули на сточарство
Како додаток на основните алатки, специфичните модули Ви даваат можност да управувате со сите технички параметри на поединечни животни. Врз база на евиденциите за Вашите животни, Вие можете да ги следите нивните движења, трошоците за медицински третирања, параметрите за репродукција, информациите за лактациите и растот на животните.
Модул говедарство
Модулот за говедарство Ви дозволува да увезувате податоци од Вашите автоматизирани системи за молзење, што Ви дава за можност за автоматско менување на податоците за произведените количества на целото стадо или поединечни животни. Преку дефинирање на содржината на оброците и сточната храна, Вие можете да ги оптимизирате приносите на млеко. Ова Ви овозможува да ги видите трошоците за исхрана на поединечни животни.
Модул за кози и овци
Со модулот за кози и овци исто така може да увезувате податоци од Вашите автоматизирани системи за молзење, што овозможува автоматска промена на залихите на млеко од целото стадо или од поединечно животно.
Модул свињарство
Со модулот за свињарство можете да го оптимизирате растот на Вашите животни преку дефинирање на оброците и сточната храна. Ова ќе Ви овозможи да ги согледате трошоците за исхрана на поединечни животни.
Модул коњарство
Модулот за коњарство Ви овозможува управување на сите технички параметри на секое животно. Врз база на Вашите евиденции за животните, можете да го следите нивните движења, трошоците и напредокот во медицинските лечења, репродуктивните параметри,раст на животните.
Модул за живинарство
Во модулот за живинарство можете да управувате со процесите за поединечни групи на животни. Овде се вклучени конзумацијата на сточна храна, медицинските третмани и растот на животните, што го олеснува следењето на трошоците. Пријателскиот интерфејс ќе ви даде увид во групните движења на животните и моменталната состојба на живината.
Целосен бизнис преглед на Вашата фарма
PANTHEON Вет – Решение за Ветеринари
PANTHEON Вет е сеопфатно решение за ветеринари кое е надополнето со мобилна апликација за да може да го користите и кога не сте пред компјутер. При соработка со фармери, ветеринарот може лесно да разменува информации за здравјето на животните.