PANTHEON Farming

Најчесто поставувани прашања

Општо

Што е PANTHEON Farming и за кого е наменет?

PANTHEON Farming е ЕРП решение за бизниси и технолошки процеси во земјоделството. Системот е погоден за мали семејни фарми и поголеми земјоделски стопанства. Во зависност од модулот или лиценцата која ја избирате, ќе имате можност да управувате со податоци за специјализирани земјоделски активности и сметководствени намени.

Освен за земјоделството, исто така нудиме вршење на други услуги. Можам ли јас да управувам со податоци за сите мои бизнис активности?

Можете да ја користите програмата за да управувате со Вашата фарма и дополнително со другиот Ваш бизнис. Услов за управување со Вашите податоци во единствена база на податоци е да бидете регистрирани под истиот бизнис субјект. Доколку главниот и дополнителниот Ваш бизнис е регистриран како различен деловен субјект, тогаш се креираат две различни бази на податоци и податоците се чуваат одделно (важно е за сметководствени и ДДВ намени).

Ние имаме вработени во нашата фарма, за коишто треба да се изработи и пресмета платен список. Дали сметководството за платен список е вклучено во софтверот PANTHEON Farming?

Програмата Ви овозможува да управувате со Вашите вработени или работници и нивното поминато време во вршење на одредени задачи. PANTHEON Farming работи во координација со другите лиценци од семејството PANTHEON, со кои исто така можете да креирате платни списоци.

Што се ставки?

Ставките се се она што Вие го купувате или продавате: тоа може да бидат добра, материјали или услуги. Регистарот на ставки од PANTHEON Farming ги вклучува следниве: произведени, преработени добра, задачи, ѓубрива, материјали и добра, и услуги. Единствено што треба да направите Вие е да еднаш ги внесете информациите за ставките во регистарот. Потоа можете да селектирате која и да е ставка што Ви е потребна ставките можат да бидат променети, но не можат да постојат две ставки со ист идентификационен број (дупли записи).

Дали можам да испраќам електронски фактури преку PANTHEON Farming?

Да, програмата Ви озвозможува да издавате електронски фактури и фискално верифицирани фактури. Единствено што треба да направите е да ги добиете соодветните дигитални сертификати и да ги прилагодите поставките.

Дали PANTHEON Farming е компатибилен со ФАДН? Дали со него можам да ги креирам соодветните извештаи?

ФАДН извештаите во програмата се креирани на месечно ниво и се враќаат на соодветните надлежни органи на локално ниво. На крајот од годината, локалните надлежни органи изготвуваат годишни извештаи кои се испраќаат на ФАДН агенциите.

Ние поседуваме релативно мала фарма. Зошто воопшто ни е потребен ЕРП систем?

Без разлика дали Вашата фарма е голема или мала, Вие треба да знаете како да ги алоцирате Вашите ресурси во секој даден момент. Преку следење на трошоците, можете брзо да носите одлуки како на пример кои култури се најпрофитабилни за Вашата фарма. Пазарот нуди многу различни специјализирани системи, додека PANTHEON Farming ги покрива сите области на работење кои му се потребни на едно земјоделско стопанство. Повеќето делови од модулот се поврзани и во чекор со моменталната регулатива во секторот.

После напоред ден на фармата, седењето пред компјутер и внесувањето на податоци не звучи како многу пријатна работа. Како може PANTHEON Farming да Ви го олесни животот?

Постои мобилна апликација која е дизајнирана специјално за потребите на земјоделството. Со мобилната апликација, можете да внесувате податоци уште додека сте во полето. Исто така може да ја користите за да издавате и печатите изводи за пакувањата. Се што правите во мобилната апликација се пренесува и во десктоп верзијата на програмата.

Култури

Дали извештаите се во согласност со постоечката регулатива за земјоделството?

Извештаите (на пример табеларни пресметки, формулари) за секторот земјоделство (АЕЦП, ФАДН месечни извештаи, извештаи за винарски визби,итн.) кои се креирани во PANTHEON Farming се во согласност со постоечката тековна регулатива. Точноста на внесените податоци во формуларите и табелите зависи од корисникот.

Животни

Дали податоците можат да се поврзат со други бази на податоци?

Податоците кои се внесени во PANTHEON Farming се наменети за внатрешна употреба и не се автоматски подесени да се поврзуваат со други бази на податоци. Во одредени случаи, еднонасочни врски со владините бази на податоци можат да бидат остварени, но ова е зависно од локацијата. Проверете со Вашиот партнер од земјата во која се наоѓате за повеќе информации.

Како може да го избегнам губењето време креирајќи фактура за животно кое го продавам?

PANTHEON Farming ви овозможува едноставно креирање на извештаи и фактури. Кога купувате ново животно и креирате нов извештај за него во PANTHEON Farming, се креираат сите потребни документи за него. Животното се евидентира во регистарот за животно и за него се креира нови фактура. Процедурата е иста и при продажба на животно. Вие можете да ја испратите фактурата преку меил или преку електронска фактура директно до Вашиот клиент.

Грозје и вино

Дали можам да правам извештаи за визбата, и како?

Вие можете да правите извештаи за визбата и задачите околу секоја сорта на вино која што ја произведувате. За секоја задача можете да го евидентирате времето, природата на задачата, и количината на материјал која е користена. Истовремено, се врши евиденција на инвентарот. Исто така можете да водите евиденција за деталите околу мерењата кои ги вршите за време на секоја задача. Извештаите можат да бидат едноставно увезени во табели или формулари, кои потоа можат да се печатат.

Овошје и јаткасто овошје

Можам ли да водам евиденција на завршени задачи за специфични редови во еден насад со користење на PANTHEON Farming?

Да, со PANTHEON Farming Вие можете да водите евиденција за специфични делови од Вашите насади. Дополнително, можете да ги следите комплетираните задачи за поединечни сорти на овошје. Како програмата ќе ги води евиденциите зависи од нејзините подесувања, и од тоа како Вие ќе ги дефинирате производните циклуси.

Дали можам да ги евидентирам фенофазите на овошните дрвја за време на прскањето и бројот на прскања?

Да, PANTHEON Farming Ви овозможува да водите евиденција за точното време на прскање. Исто така може да ги следите фенофазите на дрвјата за време на прскањето. Времето на прскање, видот на пестицид и други податоци можат исто така да бидат внесени во мобилната апликација на програмата.

Јас одгледувам ореви. Можам ли да водам евиденција за настани како преработка на оревите во масло преку PANTHEON Farming?

Многу задачи околу оревите и нивната продажба се веќе достапни во програмата, додека процесите за преработка во масло и други слични процеси со во изработка.

Ви требаат повеќе одговори?

Доколку сакате да знаете повеќе за тоа како PANTHEON функционира, јавете ни се или пратете ни меил.

Share This