Земјоделство бизнис во облакот
Сигурносни стандарди и енкрипција на податоци
Податоците на корисниците се чуваат со центри кои се сертифицирани со строги интернационални безбедносни стандарди. Овие стандарди ги опфаќаат безбедноста од кражба или уништување на податоците од страна на хакери (обезбедени од firewalls, протоколи за енкрипција, итн.) и обезбеденост од несреќи (земјотреси, пожар, итн.)
За да се превенира проток на податоци од компјутерот на корисникот до центарот за податоци, комуникацијата помеѓу PANTHEON и серверот е енкриптиран преку SSL врска. SSL (Secure Socket Layer) врските ги користат најмоќните алгоритми кои често се користат за кредитни картички и други чувствителни електронски бизнис операции. Со PANTHEON Хостинг, податоците на корисникот се безбедносно заклучени при секој чекор од процесот: од преносот преку интернет до чувањето на податоците во центарот на податоци.
Што е PANTHEON Farming хостинг?
Податоците внесени во софтверот PANTHEON Farming (на пример фактури, податоци за животни, сметководство итн) се чуваат во база на податоци, која е лоцирана во одреден сервер. Серверот е секогаш активен за да податоците можат да бидат достапни во секое време. Дополнително, прикладни мерки за безбедност за превенција на губење на податоци се преземаат на серверот како backup, физичка и софтверска заштита.
Нормално дека опремата од серверот треба да биде прикладно одржувана или средувана од страна на давателот на услугата. Со нашите услуги за хостинг не морате да се грижите повеќе затоа што Вашите бази на податоци се чуваат во центарот за податоци каде се исполнети барањата за строги безбедносни и технички потреби. Ова не е интернет апликација која што работи на пребарувач. Вие локално ја добивате инсталацијата за PANTHEON Farming како секоја друга програма и преку интернет се поврзувате со базата на податоци. Секогаш постои можност за пренасочување на базата на податоци кон Вашиот компјутер, доколку Вие го сакате тоа.
Немате потреба од поседување на Ваш наменски сервер
Намената на хостингот е да им понуди на помалите компании и сметководствени фирми пристап до најновите бизнис решенија.
Многу од малите компании не можат да си дозволат инвестиции кои се потребни за да се влезе во светот на технологиите за бизнис ресурси – трошоците се едноставно преголеми. Како резултат на тоа, голем број на компании се без прикладни бизнис решенија или набавуваат поевтини програми кои не одговараат на нивните потреби.
Развитокот на интернет технологиите и брзиот раст на капацитетите за процесирање водат кон појава на центари за податоци кои работат исклучиво како издавачи на информатички технологии. Коринсиците можат, на пример, да изнајмат сервер за база на податоци или интернет сервер по пристапни цени. Истата технологија би била недостижна за нив доколку тие би требало да ја купат.
Со PANTHEON Хостинг, корисниците можат да го добијат најдоброто од двата светови.
Центрите за податоци нудат иновативен хардвер, и можат да го земат под закуп бизнис решението PANTHEON од Даталаб. Единственото нешто кое корисниците имаат потреба од е кориснички име и лозинка за најава во системот – се друго е веќе подготвено и вклучено во цената. Дополнителна предност на хостингот е фактот дека сметководствените фирми и нивните клиенти можат истовремено да пристапуваат кон истите податоци (кои се чувани на ист сервер), со што ќе се намалат сметководствените трошоци.